Солени рецепти

Сомун со кашкавал

Можете ли да одолеете на вкусот и мирисот на топло лепче и сирење на трпезата? Веруваме дека никој од вас нема да остане рамнодушен, затоа денес со вас споделуваме еден интересен рецепт за вкусно и крцкаво лепче надополнето со опојниот мирис на топено бри сирење.

Потребно ви е:

• 1 леб сомун средна големина. Можете да користите бел, црн, интегрален, но да биде со округла форма.

• 100 гр рендан кашкавал

• 1 пакетче бри сирење

За премачкување потребно ви е да измешате:

• 5 лажици маслинов зејтин

• 1 лажица буковец СИКА (по вкус лут или благ) 🌶

• 1 лажица шарена сол СИКА (по вкус лута или блага)🌽🌶

• 1 лажица сушен зеленчук зачин СИКА

Пресечете го горниот капак од лебот (како лубеница кога сечете). Издлабете го внатре (средината) колку што е големината на бри сирењето. Засечете ги краевите на лебот како на сликата, премачкајте ја внатрешноста на лебот и засеците со преливот кој претходно го спремивте со маслиновиот зејтин, буковецот СИКА, шарената сол СИКА и сушениот зеленчук зачин СИКА. Потоа во средината ставете половина од ренданиот кашкавал, па бри сирењето и остатокот од ренданиот кашкавал. Поклопете со капакот од лебот кој претходно го пресековте и печете во загреана рерна се додека не се стопи кашкавалот. Потребно е околу 15-20 минути на 180 степени. Се служи топло.

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА🌶

Можеби ќе ве интересира