Појадок, Солени рецепти

Сендвичи Монте Кристо

Доколку сакате да експериментирате со вкусови, да уживате во слатко-солени комбинации, тогаш дефинитивно треба да ги пробате Монте Кристо (Monte Cristo) сендвичите. Можеби изгледа чудно сенф, шунка, кашкавал, да послужите со мед или џем од малини, но верувајте дека балансот е совршен, изгледаат убаво, многу се забавни за приготвување, а од резултатот ќе бидете воодушевени!

За овој богат сендвич на вкусови потребно ви е:

  • Тост леб (за 1 сендвич потребни ви се 3 тост лепчиња);
  • шунка деликатес и мисиркина шунка тенко сечена;
  • 2 вида на кашкавал по можност чедар и швајцарски (иако може да ставите било кој тост кашкавал);
  • малку мајонез и сенф за мачкање на сендвичите.

За тестото за 2 сендвича потребно е да изматите 1 јајце со 2 полни лажици брашно, пола лажиче пециво, пола лажиче мелен црвен пипер СИКА, прстофат сол, прстофат шеќер и малку млеко.

Смесата треба биде слична како за палачинки само малку погуста. Доколку правите 4 сендвича дуплирајте ја дозата.

Начин на подготовка:

За еден сендвич намачкајте 3 тост лепчиња со тенок слој на мајонез и сенф (страната која е намачкана секогаш треба да биде од внатрешната страна на сендвичот за да можат да се залепат подобро лепчињата, затоа средното тост лепче се мачка од двете страни)

Редете ги по следниов редослед: тост лепче па врз него кашкавал, шунка, тост лепче, па повторно кашкавал, шунка и завршуваме со тост лепче. Откога ќе ги исфилуваме сендвичите ги притискаме со некој тврд предмет за убаво да се спојат, потоа ги сечеме страниците (корките).

Сендвичот го сечеме дијагонално за да од еден сендвич добиеме 2 тријаголника. Ги валкаме во смесата за палачинки и ги пржиме во масло на средна температура, се додека не добијат убава златно-жолта боја. Потребно е по околу 2 минути од двете страни.

Наредете ги на хартија за да го впие вишокот на масло. Најдобро е сендвичите да ги послужите топли, па затоа додека ги принесете ставете ги во топла рерна.

Пред сервирање тријаголниците ги сечеме на пола ги наросуваме со шеќер во прав и ги послужуваме со џем, мед, јаворов сируп, во комбинација со свежо овошје.

За овој рецепт користевме:

Мелена слатка црвена пиперка

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА🌶

Можеби ќе ве интересира