Појадок, Солени рецепти

Палачинки со спанаќ

Необичен но превкусен рецепт приготвен од @pomojvkus. Сигурни сме дека откако ќе ги пробате овие палачинки со спанаќ често ќе се наоѓаат на вашето мени.


Потребни состојки:

– 100 грама свеж спанаќ
– 1 јајце
– 1 лажичка шарена сол СИКА
– Прстофат бибер
– 120 мл млеко
– 200 мл вода
– 3 лажици зејтин ( може да користите и путер)
– 150 грама брашно
– 1 лажичка пециво

Начин на подготовка:

1. Најпрво ставете го спанаќот со малку водичка да се свари, колку да омекне, 3-4 минути на тивок оган. Тргнете го настрана и почекајте да се олади, а потоа ставете го во сецко да се претвори во „каша“. Во него додајте отприлика 3 лажици од водичката во која се варел. Вкупната количина на спанаќ и вода треба да изнесува 150 мл.

2. Во длабок сад промешајте едно јајце, сол, бибер млеко, вода, масло и додајте го спанаќот и шарената сол. Измешајте се убаво со жица за матење, па додадете го брашното со пецивото. Мешајте додека ги снема малите грутчиња.

3. Загрејте го тавчето за палачинки на средна јачина и премачкајте го со зејтин. Пржете ги палачинките како нормални палачинки, најпрво на едната страна додека не се засуши одозгора тестото, а потоа превртете и печете пократко.

Уживајте во јадењето со зачините на СИКА 🌶

Можеби ќе ве интересира