Благи рецепти

Чоколадо со чили

Почуствувајте ја магијата и вкусот на темното чоколадо зачинето со вкусните сушени пиперки на СИКА.
Се подготвува за само 10 минути.
Не само што е превкусно, туку и претставува одлична идеја за домашно подготвен подарок за вашите најблиски за празниците.


Потребни состојки:

– 250 гр. темно чоколадо со минимум 70% какао делови во него.
– Прстофат мелено инстант кафе.
– 1-2 лажички блага сушена пиперка ( измелена во блендер ) на СИКА.
– 1-2 сушени чили пиперки на СИКА.

Начин на подготовка:

1. Во сад на пареа растопете го чоколадото и додајте го инстант кафето. Добро промешајте додека кафето не се растопи.

2. Топеното чоколадото претурете го на хартија за печење и измазнете го со помош на шпатула. Одозгора додека се уште не се зацврстило нарусете од мелената чили пиперка и сушена слатка пиперка.

3. Ставете го чоколадото во замрзнувач на 5-7 минути за да се стегне и искршете го на неколку помали парчиња.

Можеби ќе ве интересира