Ручек, Солени рецепти

Крцкаво зачинето пржено пилешко

рецепт за крцкаво пржено пилешко маринирано во брашно и јајца и зачинето со црвен пипер СИКА и буковец СИКА

Ова екстра крцкаво зачинето пржено пилешко сигурно ќе стане омилено во вашето семејство.
Не е едноставен, брз процес, бидејќи вклучува маринади и неколку други чекори, но навистина вреди да се потрудите.

Потребни состојки:

– 8 пилешки копани
– ½ литро млеко во кое сте додале 2 лажици исцеден лимон (измешајте и оставете 15 мин на собна температура)
– сол, бибер и лук во прав по вкус
– 3 големи јајца
– 1/3 чаша вода
– 1 чаши брашно
– 2 лажички бибер
– 1 лажиче сол
– 2 лажички мелен црвен пипер СИКА
– 2 лажички лут буковец СИКА (по можност сомелете го на блендер)
– масло за пржење

Начин на подготовка:

1. Започнуваме со маринирање на пилешкото во млекото во кое претходно додадовме лимон (матеница).

2. Ставете ги пилешки парчиња во голема чинија или во со зип кеса. Покријте со матеницата и маринирајте најмалку 2 часа, најдобро е преку ноќ (ова е по избор, но дефинитивно се препорачува). Оваа матеница го чува пилешкото супер сочно додека се пржи.
* Можеби сте во искушение да го прескокнете овој чекор, но ова е многу важно во креирањето на сочноста што треба да ја има совршено пржено пилешко.

3. Откога ќе отстои, извадете го од матеница и исушете го со хартиена крпа. Посипете го и лесно измасирајте го со сол, бибер и лук во прав. Ставете го настрана. Подгответе ја решетката врз која ќе ги ставате пилешките копанчиња.

4. Изматете ги заедно јајцата и водата. Во друг сад измешајте брашно, сол, бибер, мелениот црвен пипер СИКА и лутиот буковец СИКА (кој претходно сте го поминале на блендер).

5. Го истураме пилешкото во мешавината со брашно и зачини, го валкаме, потоа го натопуваме во јајцата и повторно го валкаме во мешавината на брашното. Ова обезбедува супер густа, крцкава двојна обвивка, а воедно ги чува соковите од пилешкото при пржењето да се задржат внатре.

Друг неопходен чекор што треба да се направи е да се остави пилешкото откриено на решетката во фрижидер неколку часа пред пржењето (не помалку од 30 минути). Ова помага да се осигура дека обвивката ќе се задржи околу пилешкото.
Ако овој чекор е прескокнат, голема е веројатноста дека обвивката може да се распадне при процесот на пржење.

крцкаво зачинето пржено пилешко маринирани во јајца и брашно. Зачинето со црвен пипер СИКА и лут буковец СИКА.

6. Загрејте го маслото на средно висока температура. Пржете го пилешкото околу 20-25 минути во зависност од големината на копанчињата, рамномерно од сите страни.

Имајте на ум дека на темното месо му е потребно малку подолго за готвење од белото месо.

7. Пилешките крилца  можат да бидат готови за помалку од 15 минути. Ставете го пилешкото на чиста решетка за да ви помогне да остане крцкаво додека ги пржите останатите копанчиња.

крцкаво зачинето пржено пилешко маринирани во јајца и брашно. Зачинето со црвен пипер СИКА и лут буковец СИКА.
крцкаво зачинето пржено пилешко маринирани во јајца и брашно. Зачинето со црвен пипер СИКА и лут буковец СИКА.
крцкаво зачинето пржено пилешко маринирани во јајца и брашно. Зачинето со црвен пипер СИКА и лут буковец СИКА.

Крцкаво однадвор, сочно одвнатре, доволно зачинето, превкусно…

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!

Можеби ќе ве интересира