Посни рецепти, Ручек, Солени рецепти

Печен карфиол

Посен печен карфиол зачинет со црвен пипер СИКА буковец СИКА и шарена сол СИКА

Печен карфиол- посно и ароматично со одлична комбинација на зачини за максимално уживање во вкусот на ова јадење.

Потребни состојки:

– 1 главица карфиол
– 4-5 лажици маслиново масло
– 1 лажичка буковец СИКА
– 1 лажичка црвен пипер СИКА
– 2 лажички шарена сол СИКА
– Сол и мелен црн пипер по вкус
– 1/2 лажичка лук во прав
– 1 лажичка суво оригано

Начин на подготовка:

1. Пресечете го карфиолот внимателно на кришки и ставете ги на тавче за печење.

2. Полејте со малку маслиново масло и зачинете со сол и мелен црн пипер, буковец, црвен пипер, шарена сол, лук во прав и оригано.

3. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 20-30 минути.

Сервирајте со свежа зелена салата, овчо сирење и шери домати.

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!
Рецептот е приготвен од Dave’s Kitchen.

Можеби ќе ве интересира