Ручек, Солени рецепти

Пица од тиквички

Брза пица од тиквички со кашкавал и шарена сол СИКА

Пица од тиквички?! Без квасец, без пециво, без чекање тестото да нарасне подготвено од @pomojvkus. Употребив само 100гр интегрално брашно, а добив пица со размер 22х30см. Брза пица од тиквички. Не се сомневајте ни миг за да ја пробате.

Потребни состојки:

За подлога:
– 1 поголема тиквица
– 120 гр кашкавал
– 100 гр интегрално брашно + 1 лажичка ленено семе
– 1 јајце
– Сол, бибер

За топинг:
– 250гр мешавина од рендани кашкавали: гауда, моцарела, пармезан (може да користите кашкавали по ваш вкус)
– Чери доматчиња
– 1 лажичка оригано
– 1 лажичка шарена сол СИКА
– Свеж магдонос и босилек

Начин на подготовка:

1. Тиквицата изрендајте ја, посолете и ставате во цедалка да ја испушти течноста. По потреба процедете со кујнска крпа или газа. За тоа време изрендајте го кашкавалот.

2. Ставете ги сите состојки за подлогата во еден сад и убаво измешајте. По потреба додадете уште брашно, или презла доколку смесата ви е многу ретка.

3. На намрсена хартија за печење нанесете рамномерно од смесата, и ставете на печење во загреана рерна на 180С, 15тина минути, или додека не потемнат краевите на кората.

4. За тоа време исечкајте ги доматчињата и изрендајте го кашкавалот. Кога кората ќе се запече, извадете од рерна и наредете од топингот. Ред од мешавината кашкавали, па доматчињата па повторно кашкавал. Одозгора зачинете со шарена сол и оригано за дополнително уживање во вкусот.

5. Вратете на печење уште 8 минути колку да се растопи кашкавалот.

Иии voilà. Ја добивте најубавата пица што сте ја пробале во скоро време.

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА 🌶
Посетете го блогот на По мој вкус!

Можеби ќе ве интересира