Ручек, Солени рецепти

Ќофтиња во BBQ сос и мед

Мали ќофтиња во BBQ сос и мед со мелена слатка црвена пиперка, буковец СИКА и шарена сол СИКА

Мали ќофтиња во BBQ сос и мед е превкусна идеја за ручек или вечера. Јакиот и сочен вкус од сосот и благиот вкус од медот се совршена комбинација која не смеете да ја пропуштите.

Потребни состојки:

– 500 г мелено месо
– сол и мелен црн пипер
– 1 лажичка црвен пипер СИКА
– 1 лажичка буковец СИКА
– 1 лажичка шарена сол СИКА
– 1 лажичка суво оригано
– 1 лажичка доматен сос
– 1 жолчка
– 1 среден кромид, ситно исечкан
– 1 чешне лук, ситно исечкано
– 3 лажици лебни трошки
– 3 лажици маслиново масло
– 5 лажици BBQ сос
– 2 лажички мед
– свежо исечкан магдонос

Начин на подготовка:

1. Во длабок сад ставете го меленото месо, зачинете сол и мелен црн пипер по вкус, црвен пипер, буковец, шарена сол, суво оригано, доматен сос, жолчката, и сечканиот кромид. Додајте ги и лебните трошки и замесете ги ќофтињата.

2. Оформете ги ќофтињата и започнете да ги пржите на масло во тава за готвење. Кога ќе заруменат ќофтињата додајте го BBQ сосот и медот.

3. Гответе уште 5-10 минути и сервирајте во чинија со свежо исечкан магдонос.


Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!
Рецептот е приготвен од Dave’s Kitchen.

Можеби ќе ве интересира