Посни рецепти, Ручек

Брз и посен ручек

Посен ручек со праз и суви пиперки СИКА

Предлог за брз и посен ручек приготвен од @pomojvkus. Верувам дека на многумина од вас ви фалат рецепти за време на постите, и исто така верувам дека веќе сите правите праз на тава, но можеби ќе ви дадам идеја како дополнително да му го разубавите вкусот.

Начин на подготовка:

– 3 страка праз
– 1 домат или 2-3 лажици доматно пире
– 1 главица кромид
– 2 компири
– 4-5 суви пиперки СИКА
– 1 зеленчукова коцка за супа
– 2 лажици мелени семиња (сусам сончоглед и ленено семе)
+
5 лажици од истите семиња , но не мелени за одозгора

Начин на подготовка:

1. Празот исечкајте го на кругови, кромидот, компирот и доматот на коцкички.

2. Ставете се заедно во тава со едно филџанче вода и малку маслиново масло да се запржи. Откако водата ќе испари додадете ги мелените семиња и промешајте.

3. Растворете ја зеленлуковата коцка за супа во 300мл зовриена вода и прелејте преку зеленчукот.

4. Префрлете сѐ во сад за печење. Додадете ги сувите пиперки, наросете со семки и семиња по избор одозгора, и ставете на печење во загреана рерна на 180С.

5. Печете додека водичката изврие, и семките се запечат.

Послужете со топло лепче.


Уживајте во готвењето со зачините на СИКА 🌶
Посетете го блогот на По мој вкус!

Можеби ќе ве интересира