Појадок, Солени рецепти

Крцкави лепчиња со кашкавал

Крцкави печени лепчиња со кашкавал, јајца и шарена сол СИКА

Сакам кога за викенд сме собрани цело семејство за појадок да направам нешто повозбудливо, позабавно а сепак да биде вкусно, брзо и лесно за подготовка.
Овие крцкави лепчиња се токму тоа, превкусни, инспиративни, несекојдневни… Мора да ги пробате. Секако во подготовката можете да бидете креативни и да си додадете нешто по ваш вкус.

Потребни состојки:

– тост леб,
– путер,
шарена сол СИКА
– рендан кашкавал и
– свежи јајца.

Начин на подготовка:

1. Тост лепчињата ги мачкате со путер и ги наросувате со шарена сол СИКА.

2. Потоа спојувате две тост лепчиња и со тегличка или чаша притискате, правите вдлабнатина на средината за да може да го скршите јајцето внатре а тоа да не истече.
(Јас со калапче ја вадев средината од едното тост лепче бидејќи ми беше потребна за еден друг рецепт кој ќе го постираме наредниве денови).

3. Околу вдлабнатината посипувате со рендан кашкавал (јас користев гауда и чедар) а во средината кршите јајце и потпекувате во загреана рерна се додека јајцето не се испече.

При сервирање посипувате со власац или со младо кромидче.

Крцкави печени лепчиња со кашкавал, јајца и шарена сол СИКА
Крцкави печени лепчиња со кашкавал, јајца и шарена сол СИКА
Крцкави печени лепчиња со кашкавал, јајца и шарена сол СИКА

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!

Можеби ќе ве интересира