Благи рецепти, Појадок, Солени рецепти

Мини залчиња со џем од јагоди и чили

Залчиња со бри сирење и џем од јагоди и чили

Овие мали убавици со неверојатен вкус, брзи и лесни за подготовка се совршени залачиња на предјадење. Сладоста на џемот од јагоди, кремастата структура на бри сирењето, крцкавото тесто како и благото скокоткање на непцата од чилито, го прават ова предјадење да биде совршен залак за секој вкус.
Сирењето бри е едно од моите омилени сирења. Тоа е многу благо сирење кое навистина добро се спојува и со слатки и зачинети вкусови. Вкусот е суптилен, а текстурата е многу кремаста. Бри се топи многу убаво, но ја задржува формата, што го прави совршен за рецепти како овие залачиња.

Потребни состојки:

– Готово лиснато тесто
– сирење бри
– џем од јагода и чили (рецепт за џемот)
– свежи гранчиња рузмарин (по избор)

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 ° С. Попрскајте ги мини калапчињата за мафини со спреј за готвење или путер. На масата каде што ќе го развлечете лиснатото, наросете брашно.

2. Расукајте го лиснатото, исечете го тестото на квадратчиња со еднаква големина и ставете ги во калапот.

3. Благо притиснете ја средината кон дното, ставете парче бри сирење, лажичка џем од јагоди и чили. По желба малку гранче рузмарин и печете околу 10 минути, односно калапчињата да добијат убава златна боја.

4. Пред сервирање наросете ги со сечкани ореви или бадеми, служете ги топли, сервирани на собна температура.

Лиснато со бри сирење и џем од јагоди и чили
Лиснато со бри сирење и џем од јагоди и чили
Лиснато со бри сирење и џем од јагоди и чили

Истите овие залачиња, можете да ги посипете со шеќер во прав и да ги послужите како десерт.
Ве предупредуваме, би било пожелно да направите дупла доза, бидејќи се неодоливи.

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!

Можеби ќе ве интересира