Ручек, Солени рецепти

Свинско филе со јаболка

Комбинацијата на сенф, кафеав шеќер, свеж тимијан и мелен црвен пипер СИКА прави маринадата за свинското филе да биде совршено избалансирана на слатко и солено, а крцкавите и сочни јаболка и кромидот да имаат фантастичен карамелизиран вкус.

Овој рецепт за свинско филе со јаболка е совршен есенски оброк со неверојатен вкус. Комбинацијата на сенф, кафеав шеќер, свеж тимијан и мелен црвен пипер СИКА прави маринадата за свинското филе да биде совршено избалансирана на слатко и солено, а крцкавите и сочни јаболка и кромидот да имаат фантастичен карамелизиран вкус. Лесно, брзо и едноставно и што е најдобро нема непотребно миење на садови, доволна ви е само една тава за подготовка и печење.

Потребни состојки:

– 1 свинско филе околу 600гр
– 1 лажичка мелен црвен пипер СИКА
– сол и црн бибер
– 5 лажици кафеав шеќер
– 3 лажици сенф дижон
– малку свеж тимијан
– 3 лажици маслиново масло
– 5 лажици сок од јаболка или вода
– 2 големи јаболка исечени на кришки
– 2 црвен кромид исечени на кришки

Комбинацијата на сенф, кафеав шеќер, свеж тимијан и мелен црвен пипер СИКА прави маринадата за свинското филе да биде совршено избалансирана на слатко и солено, а крцкавите и сочни јаболка и кромидот да имаат фантастичен карамелизиран вкус.

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 200С.

2. Зачинете го свинското филе (без да го сечете) со мелен црвен пипер СИКА, сол и бибер од сите страни.

3. Во средна чинија измешајте кафеав шеќер, сенф дижон, свеж тимијан и сок од јаболко, а потоа добро извалкајте го свинското филе во оваа маринада.

4. Покријте го и ставете го во фрижидер 30 минути или преку ноќ.

5. На рингла загрејте го маслото во голема тава (која подоцна можете да ја ставите во рерна).
Ставете го свинско филе во тавата вртејќи го на секои 2-3 минути додека не порумени од сите страни (вкупно околу 8 минути). Потоа додајте ги јаболката и кромидот.

6. Ставете ја тавата во рерна која претходно сте ја загреале и оставете ја да се пече 20-25 минути на 200 степени, nовремено мешајќи ја смесата од јаболка и кромид и вртејќи го свинското месо.

7. Кога ќе биде готово извадете го свинското филе, завиткајте го во фолија и оставете го да се одмори 10 минути.Потоа исечете го и заедно со соковите кои се пуштени од филето вратете го во тавата.

Ова јадење можете да го комбинирате и со ориз, печен компир или пире.


Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!

Можеби ќе ве интересира