Посни рецепти, Солени рецепти

Традиционално макало со праз

Рецепт за традиционално макало со суви пиперки, компири и праз.

Традиционално макало по рецептот на @pomojvkus кој е многу сличен и на нашиот семеен рецепт. Пробајте го, нема да се покаете.

Потребни состојки:

– 12 сушени пиперки СИКА
– 3 компири со средна големина
– 2-3 чили сушени пиперки или лут буковец СИКА
– 1 страк праз

Начин на подготовка:

1. Кoмпирите и пиперките убаво измијте ги па ставрте ги заедно да се варат на тивок оган. Нека си вријат на тивко околу 1 час со малку подотворен капак.

2. Исклучете и оставете ги поклопени уште некое време.

3. За тоа време исецкајте го празот на ситно, може и во сецко, посолете го со крупна сол и истолчете. Компирот излупете го, а од пиперките извадете ја лушпата. Бидејќи убаво ќе бидат сварени лушпата лесно ќе се отстранува со страницата на една виљушка или со помош на нож.

4. Испасирајте го компирот заедно со пиперките, додајте го посолениот праз и измешајте. По потреба додадете од водата во која се вареа пиперките, за да не ви биде многу суво макалото.

5. На страна загрејте масло до точка на вриење и попарете врз смесата да “чврчне”. Нема одредена количина на масло. Тоа е по ваш вкус. Додавјте на неколку пати пополека. Промешајте, пробајте и по потреба додадете уште сол или масло.

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА 🌶
Посетете го блогот на По мој вкус!

Можеби ќе ве интересира