Благи рецепти, Појадок, Посни рецепти

Џем од јагоди и чили

Џем со шеќер, јагоди, чили пиперчиња СИКА, балсамико и вода.

Најдоброто овошно, слатко-луто доживување од јагоди со зачинета нота на чили која дава неверојатен, одличен, уникатен и префинет вкус на вашите десерти, сирења, месо… Не се двоумете дали да го пробате овој џем од јагоди и чили, вкусот ќе ве воодушеви!

Овој џем можете да го искористите и за: Мини лиснати залчиња со џем од јагоди и чили

Потребни состојки:

– 500гр зрели јагоди
– 1 лажица чили пиперчиња СИКА (здробено чили со претходно извадени семки, 2 до 3 пиперчиња се доволни. )  
– 1 лажица лут буковец СИКА
– 200 гр шеќер
– 1 / 4 чаша вински оцет (50гр)
– 1 лажица балсамико
– 1/2 лажиче сол
– Дополнителна вода за разредување на сосот доколку е потребно

Начин на подготовка:

1. Исечете ги јагодите на пола (или исечкајте ги поситно ако сакате помазна глазура налик на сос).

2. Во тенџере додајте ги јагодите и сите состојки (освен водата) и добро измешајте. Оставете да зоврие, а потоа оставете го на средно-ниска температура околу 40 минути, додека не се згусне џемот. Од време на време мешајте, за да спречите да се залепат јагодите на дното на садот.

Џем со шеќер, јагоди, чили пиперчиња СИКА, балсамико и вода.
Џем со шеќер, јагоди, чили пиперчиња СИКА, балсамико и вода.
Џем со шеќер, јагоди, чили пиперчиња СИКА, балсамико и вода.

Совети:
Ако сакате густ сладок вкус, оставете го како што е. Ако преферирате конзистентност налик на сос што може да се истури, додајте неколку лажици вода за да го разредите вкусот.

Да се чува во херметички затворена тегла, или во стерилизирана стаклена тегла. Треба да остане свеж околу една недела во нормална тегла, во стерилизирана тегла подолго.

Внимавајте! Не го чепкајте чилито со голи раце. Работете со ракавици кои веднаш после работа ќе ги фрлите.


Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!

Можеби ќе ве интересира