Ручек, Солени рецепти

Кременадли во сос од боровинки

Свински кременадли во сос од боровинка и лимон со шарена сол СИКА

Доколку сакате да испробувате нови вкусови, да подготвите јадења кои отстапуваат од секојдневната рутина, тогаш ова е вистински рецепт за вас.
Овој сладок сос со боровница освен што е богат со антиоксидаси, ќе додаде и нота на префинетост и колоритност на вашиот ручек.
Доколку не сте љубители на свинско месо, сосот може да го послужите и со говедско месо, пилешко па дури и со ракчиња.

За подготовка е потребно:

– 4 кременадли
– 1 чаша боровинки (околу 200гр)
– ½ лимон
– 2 лажици кафеав шеќер
– 1 лажица шарена сол СИКА
– Сол и бибер
– Прстофат лут буковец СИКА

Свински кременадли во сос од боровинка и лимон со шарена сол СИКА

Начин на подготовка:

1. Кременадлите убаво зачинете ги со сол, бибер и шарена сол СИКА. Пржете ги во тава со загреано масло на средно висока температура по околу 3-4 минути од 2 страни (да фатат златна коричка). Потоа ставете ги во чинија и покријте ги со фолија.

2. Во истата тава каде што се пржеа кременадлите ставете 2 лажици шеќер да се карамелизира потоа додјате сок од пола лимон, изрендана кора од лимон, прстофат лут буковец и 1 чаша боровинки.

3. Гответе на тивок оган околу 15 до 20 минути.  Посолете по вкус.
*Доколку сосот ви е премногу густ може да додадете малку вода.

4. Сервирајте ги кременадлите со сосот од боровница и додајте  гранчиња свеж тимијан.


Уживајте во готвењето со зачините на СИКА.
Следете не на нашиот Инстаграм профил!

Можеби ќе ве интересира