Појадок, Ручек, Солени рецепти

Пица стромболи

Pizza Stromboli with cheese and pepperoni

Доколку сакате да подготвите брза и лесна закуска, направете домашна пица Стромболи. Иако е слична на калцоне, сепак има разлика. Калцоне е превиткана (здиплена на половина) пица и затворена по рабовите а додека стромболи е завиткана  во ролна пица (како бурито).
Тестотот може да го направите сами или пак да користите замрзнато лиснато тесто.
Развлечете го тестото на хартија за печење во правоаголен облик и филувајте го по желба.

Потребни состојки (можете да додадете или одземете по ваша желба):

– Лиснато тесто
Лут буковец СИКА
– Шунка
– Кашкавал
– Младо кромидче
– Пеперони, салами…
– Жолчка за премачување
– Семиња

Начин на поготовка:

1. Најпрво намачкајте го лиснатото тесто со крем сир и наросив лут буковец СИКА.

2. Потоа ставете тенко сечени листови шунка, врз нив рендан кашкавал, ситно сецкано младо кромидче и на крај паприка салами.

3. Со помош на хартијата за печење полека виткајте ја пицата во ролна по должина, внимавајќи да не излезе филот од страните. Кога ќе го свиткате, благо притиснете ги краевите за да не излезе филот при печење. Внимавајте при печење спојот на ролатот треба да биде од долната страна (да лежи на плехот).

4. Засечете го ролатот одозгора, намачкајте со разматена жолчка и наросете со семиња.

5. Печете на 200 степени во загреана рерна од 15 до 20 минути, додека не зарумени.

6. Одморете ја пицата 5-10мин пред сечење.


За да се осигурате дека имате совршен автентичен италијански Стромболи секој пат, следете ги овие лесни совети.
* Без сос – Не ставајте сос внатре во Стромболи, или ќе завршите со влажна кора. Послужете ја Стромболи со сос на страна за потопување.
** Печење – За да се осигурате дека Стромболи е совршено испечена до крај, испечете ја на долната половина од вашата рерна. Ќе се пече внатре и надвор со иста брзина.
***Полнење – Не преполнувајте го тестото за да не излезе надвор за време на процесот на печење.
****Сечење – Не заборавајте да дозволите Стромболи пицата да се одмори пред сечењето. Исто така, користете назабен нож за парчиња.

Подгответе однапред – можете да ја подготвите пицата Стромболи до 24 часа однапред и да печете веднаш пред да ја послужите!

Пред служење Стромболи пицата послужете ја или прелијте ја со бел сос (хопла во која сте стопиле кашкавал).

Уживајте во вкусовите со зачините на СИКА.

Можеби ќе ве интересира