Ручек, Солени рецепти

Како да подготвите сочни јагнешки котлети

Јагнешко

И покрај фактот дека прославите оваа година ќе изгледаат поинаку, сепак има бесконечни начини да ги одржиме живи нашите традиции. Една од тие традиции е ручекот во кругот на своите најмили како и јагнешко месо на празничната трпеза.

Со вас ќе споделиме рецепт за јагнешки котлети на кои ќе се насладува и ужива целото семејство а нема да останат рамнодушни и оние кои не јадат јагнешко месо. Дури и најприбирливите не би можеле да одолеат на овие вкусни, сочни, со крцкава кора, ароматични котлети. 

Иако има неколку чекори на подготовка, сепак ефективна работа има 10-тина минути и 25 минути печење.

Потребни состојки:

– Јагнешки котлети (приближно 1 килограм)
– 2 лажица маслиново масло
– 1 лажиче мелен црвен пипер СИКА
– сол и  бибер
– 2 лажички сенф

За крцкавата кора:

– ½ чаша лебни трошки
– ⅓ чаша рендан пармезан
– 1 гранче свеж рузмарин
– ½ китка магдонос
– неколку листови свежо нане
– 2 чешниња лук
– 1 лажиче буковец СИКА (по вкус лут или благ)
– сол и бибер

Начин на подготовка:

1. Намачкајте ги јагнешките котлети со 1 лажица  маслиново масло , мелен црвен пипер СИКА и зачинете со сол и бибер.

2. Ставете ги во зип кеса и оставете ги во фрижидер неколку часа за да ги впијат состојките. Најдобро е одвечер или барем 3 часа пред подготовка.

3. Извадете ги од фрижидер 1 час пред печење и оставете ги на собна температура.

4. Загрејте ја тавата и пржете го месото додека не зарумени од сите страни, околу 2 минути од секоја страна. Ставете го на обложениот плех и оставете го да се одмори 20-30 минути, додека не се излади.

5. Во меѓувреме, во блендер измешајте ги лебните трошки, пармезан, лук, буковецот СИКА, свежиот рузмарин, магдонос и нане. Додадете 2 лажици маслиново масло и зачинете со сол и бибер. (Доколку немате блендер, ситно исецкајте ги билките и лукот и добро измешајте со другите состојки).

6. Кога ќе се излади месото се премачкува со сенф и рамномерно се валка во мешавината од зачини.

7. Загрејте ја рерната на 220 степени.

8. Печете 20-30 минути, во зависност од тоа дали сакате лесно печено 20мин (црвено во внатрешноста), средно печено 25мин (розево) или печено 30мин. Откога ќе се испече извадете ја тавата од рерна и оставете месото да се да одмори 10 минути, а потоа исечете ги котлетите и послужете ги топли.

Уживајте во вкусот со зачините на СИКА.

Можеби ќе ве интересира