Благи рецепти

Чоколадни плочки- креативен десерт кој ќе ве воодушеви

десерт чоколадо какао јаткасти плодови сушено овошје

Лесен, брз, и креативен десерт кој ќе ве воодушеви! Толку едноставни, а толку вкусни 😊

За овие чоколадни плочки кои изгледаат како да излегле од излогот на највкусната слаткарница во градот, нема да ви бидат потребни повеќе од 10 минути. Толку се едноставни за правење што навистина нема ни рецепт, но напишавме приближни количини од она што го користевме.

Користете го најквалитетното чоколадо што можете да си го дозволите, а потоа “нападнете” ја оставата, кујната и замрзнувачот барајќи јаткасти плодови, семиња и сушено овошје во различни бои.

Внимавајте многу е важно јаткастите плодови и сушеното овошје да немаат лош мирис!


Потребни состојки (16-18 плочки):

– 250 гр чоколадо со добар квалитет (можете да користите бело или темно чоколадо
– 1 лажичка мелен црвен пипер СИКА
– 1/2 чаша различни јаткасти плодови или семки
– 1/2 чаша различно сушено овошје, (можете да го исечкате ако е големо)


Начин на подготовка:

1. Поставете ги вашите различни јаткасти и сушени плодови на работна површина. Поставете и хартија за печење како подлога.

2. Стопете го чоколадото (на пареа) и во него додајте 1 лажичка мелен црвен пипер СИКА (за да се интензивира и потенцира вкусот на чоколадото).

3. Потоа со лажица на хартијата за печење истурајте од топеното чоколадо во форма на круг, Врз сеуште топлите чоколадни плочки редиме по избор јатки и суво овошје. Оставаме на ладно да се стегне чоколадото. Кога ќе се излади чоколадото, плочките лесно се вадат од хартијата. Чувајте ги во фрижидер или на ладно место.


Можете да ги послужите за вашите прослави или пак спакувајте ги и однесете ги кај своите сакани како уникатен подарок во кој сте ја внеле својата креативност, енергија и љубов.

Предлог: По желба додека се уште се топли чоколадните плочки можете одозгора да ги наросите со  морска сол (за слатко-солен вкус) или пак да ги наросите со ситно дробено чили пиперче (за слатко-лут вкус).

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!

Можеби ќе ве интересира