Денеска Ви споделуваме еден вкусен богат ручек – посна лазања со мнооогу зеленчук.
Потребни состојки:
– 300 г паста за лазања
– 600 мл. доматен сос
– 200 мл. вода
– сол и мелен црн пипер по вкус
– 1 тиквичка, исечкана на коцки
– 1 модар домат, исечкан на коцки
– 500 г свежи шампињони, исечкани на четвртини
– 1 лажичка благ или лут буковец СИКА
– 2 лажички шарена сол СИКА
– 1 лажичка суво оригано
– 1 главица кормид, исечкана ситно
– маслиново масло
Начин на подготовка:
1. Најпрво наредете го исечканиот зеленчук ( модриот домат, тиквичката, свежите шампињони и кромидот) во тавче обложено со хартија за печење. Нарусете со сол и мелен црн пипер и полејте малку маслиново масло.
2. Печете во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.
3. Во огноотпорно тавче ставете малку доматен сос, неколку листови паста за лазања и ставете малку од филот. Зачинете со малку буковец, шарена сол и оригано. Додајте доматен сос и постапката повторете ја додека не ги потрошите сите состојки. На крајот ставете малку од испечениот зеленчук, вода и доматен сос.
4. Печете во загреана рерна на 170 степени околу 40 минути.
Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!
Рецептот е приготвен од Dave’s Kitchen.
One thought on “Посна лазања со зеленчук”
Comments are closed.