Благи рецепти

Чоколадни коцки

cokoladen desert so crven piper

Доколку копнеете по нешто што е многу вкусно, а истовремено се подготвува со само неколку состојки тогаш овој рецепт за чоколадни коцки е за Вас. Уживајте во богатиот чоколаден вкус и едноставноста на подготовката на овој десерт. Овие чоколадни коцки се приготвени од Dave’s Kitchen.


Потребни состојки:

– 360 г темно чоколадо
– 400 г слатка павлака (хопла)
– 1 лажичка благ црвен пипер СИКА
– 1 пакетче желатин

Начин на подготовка:

1. Во мало тенџере на оган загрејте ја слатката павлака до моментот кога ќе започне да врие.

2. Чоколадото ставете го во сад искршено на парчиња. Додајте ја врелата слатка павлака врз чоколадото и оставете 1 минута да отстои смесата без да ја промешувате. На овој начин топлината полесно ќе го растопи чоколадото.

3. Потоа промешајте и додајте 1 лажичка црвен пипер СИКА и 1 пакетче желатин подготвено според инструкциите на пакувањето.

4. Промешајте и префрлете ја смесата во мало тавче обложено со хартија за печење. Оставете да се стегне во ладилник околу 1 час и пресечете коцки.


Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!

Можеби ќе ве интересира