Благи рецепти, Солени рецепти

Желе од јагоди и чили

Желе од јагоди и чили, слатко лута комбинација. Леб со кем сирење и горгонзола

Наскоро почнува сезоната на јагоди. Подгответе го ова желе од јагоди и чили– слатко луто зачинета комбинација која е вистинско уживање на секоја маса. Се подготвува многу брзо и за кратко време можете да додадете префинет вкус на вашите јадења. Без разлика дали станува збор за пилешко на скара, совршен бифтек или пак да го оживеете вашиот тост со кремасти сирења како бри или горгонзола. Можете да го користите и како прелив на вашиот чизкејк или сладолед. Ова желе од јагоди и чили со светло црвена боја и смел вкус ќе додаде на вашиот оброк фантастична овошна сладост и зачинет вкус кој уште долго ќе го чувствувате во текот на денот.

Потребни состојки:

– 1кг јагоди
– 500гр шеќер
– ½ чаша вода или сок од јагоди
– 2 лажици сок од исцеден лимон
– 5 здробени чили пиперчиња СИКА (доколку сакате да биде по зачинето можете да ја зголемите количината) и
– желатин или џем фикс (јас користев џемфикс 2:1)

Начин на подготовка:

1. На загреана рингла во широко тенџере ставете ги јагодите, шеќерот, сокот од лимон, водата и 5 чили пиперчиња (претходно исчистени од семки и здробени).

2. Кога ќе зоврие смесата, намалете ја температурата на средно ниска и здробете ги јагодите со вилушка или преса за пире.

3. Јагодите се варат од 5 до 6 минути, потоа се додава желатин или џемфикс (додадете го како што пишува на упатството на кесичката) и желето од јагоди и чили е готово.

4. Истурете го во теглички и насладувајте се на уникатниот вкус.

Напомена: Ако планирате да го чувате желето повеќе од 10 дена, стерилизирајте ги теглите и чувајте го желето на темно и ладно место до 1 година.


Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!

Можеби ќе ве интересира