Подгответе супер вкусни Индиски лепчиња – наан. Одличен посен рецепт за овие денови, брз и лесен за подготовка.
Потребни состојки:
– 250 г брашно
– 1 лажичка сув квасец (1/3 од коцка свеж квасец)
– ½ лажичка сол
– ½ лажичка шеќер
– 2-3 лажици маслиново масло
– 130 мл млака вода
За премачкување:
– свежо исечкан магдонос
– 2-3 лажички буковец СИКА
– 2-3 лажички шарена сол СИКА
– 2 чешниња лук ситно исечкани
– 50 г растопен маргарин за премачкување
Начин на подготовка:
1. Во длабок сад ставете го брашното, квасецот, шеќерот и солта. Промешајте и додајте ја млаката вода и маслото. Замесете меко тесто од сите состојки и оставете да стаса 1 час.
2. Поделете го тестото на 8 еднакви делови и секој дел развлечете го со сукало тенко 2-3 мм.
3. Наросете малку вода за да се залепат зачините и наросете свежо исечкан магдонос, ситно исечкан лук, шарена сол и буковец. Превртете го лепчето од другата страна внимателно и со четка премачкајте го со вода.
4. Загрејте нелеплива тава на оган и ставете го лепчето да се пече со намокретата страна надолу, а страната со зачините да биде нагоре.
5. Печете 1 минута и превртете го лепчето од другата страна. Печете уште 30-40 секунди и премачкајте со растопен маргарин. Постапката повторете ја и со преостанатите лепчиња.
Рецептот е приготвен од Dave’s Kitchen.
Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!