Благи рецепти

Колач со чоколадо, бисквити и манчмелоу

Колач со чоколадо, бисквити и манчмелоу со мелена слатка цвена пиперка СИКА

Чоколадо и манчмалоу е одлична комбинација. Направете колач со чоколадо, бисквити и манчмалоу за максимално уживање.

Потребни состојки

За подлогата:
– 180 гр мелени бисквити
– 120 г растопен путер
– 1 лажичка црвен пипер СИКА
– 2 пакетчиња шеќер во прав
– 2 лажици шеќер

За чоколадната смеса:
– 300 г чоколадо за готвење
– 250 мл. врело млеко
– 1 пакетче желатин подготвено според упатството
– 1 лажичка црвен пипер СИКА

Начин на подготовка:

1. Во длабок сад измешајте ги мелените бисквити заедно со растопениот путер, црвен пипер, шеќер во прав и шеќер. Натапкајте ја оваа смеса во тавче обложено со хартија за печење за полесно да го извадите целиот колач на крај.

2. Чоколадото ставете го во сад заедно со набабрениот желатин и полејте со врело млеко. Промешајте и додајте го црвениот пипер и полејте ја смесата врз основата со бисквити.

3. Декорирајте со мини манчмалоу за добар изглед на целиот колач. Доколку немате мини манчмалоу може да декорирате со кршени колачиња, сечкани банани или сечкани јаткасти плодови и суво овошје.

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!
Рецептот е приготвен од Dave’s Kitchen.

Можеби ќе ве интересира