Посни рецепти, Солени рецепти

Посна крем салата

Посна крем салата со посен мајонез со буковец и шарена сол

Повкусна посна крем салата не сте пробале. Се подготвува со многу лесно и едноставно со состојки кој сигурно ги имате дома. Младо кромидче, кромид, туна, пченка… и совршена комбинација на зачини кои ја прават оваа посна крем салата да биде уште повкусна.

Потребни состојки:

– 500 г сварен компир
– 1 конзерва туна
– 3 млади кромидчиња ситно исечкани
– 1 мала конзерва пченка
– 1 лута или блага зелена пиперка
– 2-3 лажици свежо исечкан магдонос
– сол и мелен црн пипер по вкус
– 1 лажичка буковец СИКА
– 1 лажичка шарена сол СИКА
– ½ лажичка оригано или сув босилек

За домашниот посен мајонез:
– 3-4 лажици вода од конзерва од наут
– 2-3 лажици лимонов сок
– 1 лажичка сенф
– сол и мелен црн пипер по вкус
– 60-70 мл. маслиново или обично масло

Начин на подготовка:

1. Во длабок сад промешајте ги сварениот компир, ситно исечканиот кромид, туната, пченката, сечканата пиперка, магдоносот. Зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус, буковец, шарена сол, оригано или сув босилек. Промешајте ја целата смеса заедно и оставете на страна.

2. За да го подготвите домашниот и посен мајонез во голема тегна или виоск и тесен сад ставете ја водата од наутот, лимоновиот сок, сол и мелен црн пипер по вкус и промешајте со пасатор. Додека пасаторот работи на силна брзина, постепено во тенок млаз додавајте од маслото. Ќе добиете густ домашен мајонез.

3. Од подготвениот мајонез додајте во салатата и промешајте.
Сервирајте во чинија и послужете со буковец.


Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!

Рецептот е приготвен од Dave’s Kitchen.

Можеби ќе ве интересира

One thought on “Посна крем салата

Comments are closed.