Одлична идеја за посно бурито! Подгответе го ова посно бурито за брзо време, а во вкусот ќе ужива целото семејство. Доколку не постите, можете да додадете и зготвено пилешко месо.
Потребни состојки:
– 4 интегрални тортиљи 3-4 лажици црвен грав
– 1 лажичка оригано
– ½ лажичка лук во прав
– 60-70 г сварен ориз
– сечкана марула
– 2-3 лажици наут
– 3-4 лажици пченка
– 2 лажици доматен сос
– посен мајонез (рецептот за посен мајонез)
– 2-3 лажички буковец СИКА
– 2-3 лажички шарена сол СИКА
Начин на подготовка:
1. Најпрво секоја тортиња стоплете ја по 2-3 минути од секоја страна на загреана тава.
2. Ставете од сечканата марула, а гравот испасирајте го си вилушка и зачинете го со оригано и лук во прав. Ставете од пасираниот грав, пченка,наут, сварен ориз и малку доматен сос. Нанесете и малку посен мајонез и зачинете со буковец и шарена сол.
3. Превиткајте ги страните на тортиљата и превиткајте во ролат, цврсто за целиот фил да се соедини заедно.
4. Завиткајте го секое подготвено бурито во алуминиумска фолија и чувајте го во ладилник до моментот кога ќе сакате да го сервирате. Пресечете на половина и сервирајте.
Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!
Рецептот е приготвен од Dave’s Kitchen.