Хумусот може да го подготвите со супер освежителни состојки кои се достапни во текот на летото и изобилуваат со одлични хранливи вредности. Со добра комбинација на зачини, вкусете го овој розев хумус со цвекло кој се подготвува за само 5 минути.
Потребни состојки:
– 1 средна конзерва наут, исцеден и добро измиен под вода
– сол и мелен црн пипер по вкус
– 3-4 лажици маслиново масло
– 1 лажичка буковец СИКА
– 1 лажичка шарена сол СИКА
– ½ тегла цвекло или 1 главица цвекло
– 2 лажици таан
– ½ лажичка лук во прав
Начин на подготовка:
1. Ставете ги сите состојки во блендер или сецко и постепено додавајте масло или вода за да ја добиете посакуваната густина.
2. Сервирајте со семки од тиква, чиа семе и свежо исечкан магдонос.
Уживајте во готвењето со зачините на СИКА🌶
Рецептот е приготвен од Dave’s Kitchen.