Благи рецепти

Чоколадениот крем од детството

чоколаден крем со мелен црвен пипер СИКА

Чоколадениот крем кој го паметиме од детството! Сигурно го паметите оној крем кој беше приготвуван од нашите баби. Баш поради тоа го споделуваме овој рецепт за кој сме сигурни дека ќе ве потсети на безгрижните денови од детството!

Потребни состојки:

– 4 јајца,
– 4 лажици шеќер во прав,
– 150гр путер или маргарин,
– 200гр чоколадо за готвење,
– 1 мало лажиче мелен црвен пипер СИКА.

Начин на подготовка:

1. Се топи чоколадото и му додаваме 1 лажиче мелен црвен пипер СИКА за да го истакнеме и интензивираме вкусот на чоколадото. Добро промешуваме и оставаме да се излади.

2. Ги двоиме жолчките и белките и посебно ги матиме.

3. Во 4те жолчки додаваме 4 лажици шеќер во прав и 150 гр путер или маргарин.

4. Кога добро ќе се измати се додава претходно стопеното чоколадо, промешуваме па ги додаваме изматените белки. Повторно промешуваме за да се соединат сите состојки.

5. Сервирајте по желба со сезонско овошје, комбинирајте со бисквити, ореви или лешници.

Напомена: За подготовка на слатките десерти потребно ви е мелен црвен пипер со висок квалитет, без туѓи примеси и мириси.

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!

Можеби ќе ве интересира