Благи рецепти

Чоколадни палачинки

Чоколадни палачинки со мелена слатка црвена пиперка

Овие вкусни чоколани палачинки се со особено истакнат чоколаден вкус благодарение на една супер интересна и несекојдневна состојка – црвен пипер.
Знам дека сте малку скептични за користење на блага мелена пиперка во благи рецепти, но токму во рецепти како овој, оваа состојка помага во истакнување на чоколадниот вкус, а вкусот на пиперка воопшто нема да се чуствува, затоа пробајте, со сигурност ќе Ви се допадне.

Потребни состојки:

– 3 јајца
– 250 мл минерална вода
– 250 мл млеко
– 250 г брашно
– прстофат прашок за печиво
– 4 лажици какао
– 1 лажичка црвен пипер СИКА
– 2 пакетчиња ванилин шеќер
– 3 лажици шеќер или 2 лажици мед

Начин на подготовка:

1. Во длабок сад ставете ги јајцата, минералната вода, млекото и додајте го шеќерот или медот, ванилата, брашното, прашокот за печиво, какаото и црвениот пипер. Додајте и 5 лажици масло за јадење.

2. Во загреана тава намастена со масло пржете ги палачинките од двете страни по 2 минути.

3. Секоја палачинка премачкајте ја со чоколаден крем со вкус на лешник и прекопете. Сервирајте ги со шеќер во прав, сечкани јагоди и лесно изматен шлаг.

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!
Рецептот е приготвен од Dave’s Kitchen.

Можеби ќе ве интересира