Посни рецепти, Ручек, Солени рецепти

Гвакамоле намаз

Мексикански гвакамоле намаз со буковец СИКА

Омилен рецепт за гвакамоле намаз, брз и лесен за правење, природно без глутен, вегански оброк, секогаш хит на вашите забави или семејни собири.

Направено е со сите вообичаени свежи состојки што ќе ги најдете во класичен автентичен рецепт за гвакамоле намаз, плус цртичка на буковец СИКА за кој сме убедени, совршено ги заокружува сите вкусови. Но, она што најмногу ќе ви се допадне на овој рецепт за гвакамоле е дека состојките се совршено избалансирани, не е премногу зачинето, не премногу кисело и е совршено вкусно.

Со овој рецепт за гвакамоле ќе го збогатите вкусот на вашиот тост или хамбургер . Може да го користите како додаток на вашите такоси, бурита или пак сервирајте го со голем сад со начос чипс.

Потребни состојки:

– 2 домати (ситно сечкани на коцки)
– 2 зрели авокада
– 1/2 главица црвен кромид (ситно сечкан)
– 2 лажици ситно сечкан магдонос
– 3 чешниња лук (поминат на преса или ситно сечкан)
– 1 или 2 зелени лимони
– 1 лажиче буковец СИКА (по вкус лут или благ)
– сол по вкус

Начин на подготовка:

1. Исечете го авокадото по должина. Со лажица извадете го од неговата обвивка-кора (кората сочувајте ја за да го сервирате гвакамолето во неа), додајте го во голем сад за мешање и згмечете го со вилушка или лажица, додека не ја достигне посакуваната конзистентност.

2. Додајте ги кромидот, магдоносот, сокот од зелен лимон, доматите, буковецот СИКА и сол по вкус и промешајте.

3. Сервирајте го гвакамолето во неговата кора.

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!

Можеби ќе ве интересира