Некатегоризирани рецепти

Ракија и чили пиперчиња- лековит напиток

Со вас споделуваме рецепт за ракија и чили пиперчиња. Пијалак кој има антибактериско, антивирусно дејство, помага при подигнување на имунитет

Ракија и чили пиперчиња- “Напиј се малку ракија” или “намачкај се малку ракија и ќе ти биде подобро”- cите барем еднаш во животот сме ја слушнале оваа реченица. Рецептите за лековитоста на ракијата со додавање на разни лековити билки во неа се пренесуваат од колено на колено.
Денес со вас споделуваме рецепт за ракија и чили пиперчиња. Вака подготвената ракија има антибактериско, антивирусно, антивоспалително, анестетичко дејство, помага при настинки, подигнување на имунитетот, чистење и ширење на крвните садови, циркулацијата, го забрзува метаболизмот, го подигнува расположението…

Потребно е:

– 1 литро лозова ракија
– 300гр мед
– 10мл прополис капки
– 300 до 400мл дестилирана вода
– 5 чили СИКА пиперчиња

Начин на подготовка:

1. Медот се раствара во ракијата, се додава капките прополис и дестилираната вода и кога добро ќе се промеша се додаваат 5 чили СИКА пиперчиња.

2. Се затвора шишето со ракија и се остава на темно да отстои околу 5 дена. Потребно е неколку пати дневно да се промеша.

3. По 5 дена исцедете ја ракијата низ газа.

*Со оглед на високиот процент на алкохол во ракијата, со нејзината конзумацијата треба да се внимава. Дозволено е по пола чашка (25мл.) од ракија наутро и пола навечер.

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!

Можеби ќе ве интересира