Појадок, Солени рецепти

Јајца на вода

Рецепт за јајца на вода. Стар рецепт кој се приготвува со јајца, вода, масло и црвен пипер СИКА

Јајца на вода- ова е еден едноставен рецепт, но превкусен. Ни го спремаше мојата баба и секогаш кога го подготвувам уживам во неговиот вкус и во спомените кои извираат од него. Да ве предупредам дека со топло лепче и сиренце овие јајца на вода немаат крај 😊
Бидејќи мелениот црвен пипер СИКА во овој период од годината е со најубава боја, вкус, мирис  и арома (која ќе ја почуствуваат дури и соседите) го споделуваме овој рецепт со вас.

Потребни состојки:

– 2 јајца,
– 1 лажичка мелена црвена пиперка СИКА,
– 100мл вода,
– масло,
– и сол по вкус.

Начин на подготовка:

1. На тава со умерено загреано масло кратко пропржуваме 1 лажичка мелен црвен пипер СИКА
***(внимавајте маслото да не е прегреано, бидејќи шеќерите кои се природно присутни во црвениот пипер може да изгорат и тој да добие темно кафена боја).***

2. Во запршката додаваме 100мл вода и штом проврие ги истураме изматените јајца и мешаме да се соедини смесата. Посолуваме по вкус.

Највкусно е кога си мацкате со лепчето директно од тавата 😊

Рецепт за јајца на вода. Стар рецепт кој се приготвува со јајца, вода, масло и црвен пипер СИКА
Рецепт за јајца на вода. Стар рецепт кој се приготвува со јајца, вода, масло и црвен пипер СИКА
Рецепт за јајца на вода. Стар рецепт кој се приготвува со јајца, вода, масло и црвен пипер СИКА

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!

Можеби ќе ве интересира