Разбудете ги вашите најмили со мирисот на овие вкусни касероли со леб. Лесен е, супер брз за подготовка, се спрема одвечер, а го печете следното утро пиејќи го утринското кафе.
Ви препорачувам да го подготвите за викенд или за време на празници. Обично сите после празниците имаме останати намирници во фрижидер. Ова е добар начин да ги искористите и да уживате во богатиот вкус на овие касероли со леб.
Крцкава кора и нежна воздушеста внатрешност се создава со додавање на една единствена состојка… Леб.
Основните состојки што мора да ги имате се: Јајца, млеко и леб. Останатото е по ваш избор. Можете да додадете шунка, кашкавал, сирење, кромид, пиперки па дури и месото кое што сте го имале претходниот ден за ручек. Можете да додадете се што сакате, изборот е ваш.
Потребни состојки:
– 1 леб исечен на коцки
– 8 јајца
– 1л млеко,
– Кашкавал, шунка, кулен, чајна (се што беше останато од празниците 😊)
– Мелена црвена слатка пиперка СИКА,
– Шарена сол СИКА,
– бибер и сол по вкус,
– оригано,
– малку лук во прав.
Начин на подготовка:
1. Во намастена тепсија го редиме лебот исечен на коцки, ги додаваме останатите состојки (кашкава, шунка, кулен…) и поливаме со смесата од јајца млеко и зачини.
2. Оставаме преку ноќ и печеме следниот ден на 170 степени од 50 мин до 1 час.



Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!