Пилешко и спанаќ во крем сос од мелен црвен пипер е рецепт лесен и брз за подготовка кој ќе го сака целото семејство! Неверојатно е по вкус поради сувото бело вино, лукот и црвениот пипер, со кремаста структура и благ тон од свеж сок од лимон. Оваа верзија на крем сос со црвен пипер е мој апсолутен фаворит и често го користам кога подготвувам и други видови на месо.
Користам и малку брашно за да се згусти сосот, но може да го изоставите ако сте интолерантни на глутен. Пилешкото и спанаќот одат многу добро заедно со вкусот на црвениот пипер.
За подготовка на ова вкусно, сочно пилешко нема да Ви бидат потребни повеќе од 30 минути.
Потребни состојки:
– 4 парчиња пилешки гради (без кожата)
– 1 лажиче мелен црвен пипер СИКА,
– 2 лажички шарена сол СИКА,
– 1 лажица зачин сушен зеленчук СИКА
– 2 лажици маслинов зејтин.
Убаво го масираме пилешкото за да рамномерно ги нанесеме зачините.



За крем сос од мелен црвен пипер:
– 1 лажица путер
– 2 чешниња лук ситно исечкани
– 1 лажица брашно (доколку сте интолерантни на глутен можете и да го изоставите)
– 1/2 чаша суво бело вино (околу 120мл)
– 1/2 чаша вода (околу 120мл)
– 1 лажица свеж сок од лимон (сок од исцеден лимон)
– 1/2 чаша павлака за готвење (околу 120мл)
– 2 чаши свеж спанаќ (можете по желба да ставите и повеќе)
– 1/2 лажичка сол
– 1 лажиче мелен црвен пипер СИКА
Начин на подготовка:
1. Растопете 2 лажици путер во голема тава на средно висока температура и ставете ги пилешките гради да се пржат околу 3 минути а потоа превртете ги на другата страна да се пржат уште 3 минути. Кога ќе добие убава златна боја тргнете го пилешкото настрана на посебна чинија и покријте го со фолија.
Подготовка на крем сос:
1. Стопете 1 лажица путер во истата тава. Додајте лук и пржете го на ниска температура околу 2 минути. Додајте брашно и мелен црвен пипер СИКА и убаво промешајте. (внимавајте да не ви изгори црвениот пипер бидејќи тогаш ја губи бојата и добива горчлив вкус. Најдобро е додека промешувате да биде тргната тавата од ринглата).
2. Полека мешајќи додавајте ја ладната вода и белото вино и варете го 1-2 минути за да оставите алкохолот да испари. Потоа додајте ја павлаката за готвење и сокот од свежо исцеден лимон. Ставете сол и бибер по вкус.
3. Варете го сосот 2 минути, додајте го спанаќот и гответе уште дополнителни 2 минути.
4. Вратете ги пилешките гради во тавата, поклопете со капак и после 2-3 минути исклучете ја ринглата. Оставете го месото уште кратко време за да ги впие зачините.



Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!