Потребно ви е лепче, путер и зачините на СИКА за да ја добиете највкусната солена торта. Доколку ја употребите и вашата креативност тогаш ќе ја добиете и најубавата торта.
Инспирирани од пролетта како и од деновите кои следат, денес подготвивме една интересна сендвич торта, за која ни беа потребни 5 минути.

Состојки:
– 16 парчиња тост леб,
– 100гр рендан кашкавал,
– 100гр тенко насечкана шунка,
– 300гр крем сир го мешаме со 2 лажици мајонез,
– 2 -3 варени јајца,
– 1 лажичка буковец СИКА,
– 1 лажичка шарена сол СИКА,
– 1 лажичка мешан зачин СИКА,
– Краставица и ротквица
Начин на подготовка:
Употребивме калап во форма на круг за да ја формираме тортата, а потоа секој спрат го филувавме:



1. Првиот спрат: леб, крем сир со мајонез, буковец СИКА, ротквици исечени на тркалца,тенки кришки шунка и рендан кашкавал.
2. Втор спрат: леб, крем сир со мајонез, шарена сол СИКА , варени јајца исечени на тркалца
3. Трет спрат: леб, крем сир со мајонез, зачин СИКА, краставички исечени на тркалца, шунка и кашкавал.



4. На крај завршуваме со леб, притискаме убаво да се спојат состојките и премачкуваме со крем сир.
5. Оставаме во фрижидер околу 2 часа да се стегне тортата за да може да се сече.


*Најдобро е да се приготви 1 ден порано.
**Пред сервирање ја декорираме по желба.

Уживајте во готвењето со зачините на СИКА!